Мбапе ужасно лошо изведе пенал против Мароко! (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

Франција пропушти голема можност да стигне до водство против Мароко во 28. минута, откако Килијан Мбапе не успеа да реализира удар од белата точка.

„Триколорите“ подобро го отворија натпреварот, имаа поголем посед и постојано вршеа притисок кон голот на Мароко. Токму по една таква акција беше досуден пенал, кој Мбапе самиот го изнуди.

Сепак, напаѓачот на Реал Мадрид не упати доволно добар удар, а голманот Боно одлично реагираше и ја сочува својата мрежа, оставајќи го резултатот непроменет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×