Мбапе: Реал Мадрид ќе ме чека…

by
2 минути читање

Шпанските медиуми
ја поврзаа ѕвездата на ПСЖ, напаѓачот Килијан Мбапе со една шпанска актерка,
наводно почнале да „флертуваат“ на социјалните мрежи, па со тоа наведоа
дополнителна причина зошто младиот француски напаѓач би можел да се пресели во
Реал Мадрид, да, и тоа влезе во низата шпекулации околу неговата иднина.

Се верува дека во
ПСЖ силно посакуваат да го обноват договорот на Мбапе, меѓутоа, барем засега
тоа во клубот го прават неуспешно, а самиот шеф на стручниот штаб на „Кралевите“,
Зинедин Зидан отворено посочи дека е голем обожавател на играта на Мбапе.

Претходно, поранешниот потпретседател на Монако, Димитри Василјев во изјава за „Телефут“ откри детали од разговорот со Мбапе пред да направи трансфер во ПСЖ, воедно тој ги откри зборовите на напаѓачот за образложението зошто да остане во Франција, практично, овој пат „Ле Парисиен“ разговараше со него, а тој вели дека трансферот на Мбапе во Реал Мадрид е неизбежен.

Кога ќе се случи
тоа? Не знам, но, ми се чини дека такво сценарио е неизбежно
“ вели Вадим
Василјев во однос на тоа кога би се случил долго најавуваниот трансфер на Мбапе
во Реал Мадрид, а притоа откри еден интересен детал пред трансферот на
напаѓачот во ПСЖ.

Понудата од Реал
Мадрид, пред неговиот трансфер во ПСЖ беше многу интересна за Монако, меѓутоа
Мбапе имаше образложение зошто посакуваше да остане во својата земја
“ додава
Василјев, посочувајќи ги зборовите кои Мбапе му ги кажал.

Вадим, ќе биде и
тоа наскоро, не сум играл во сопствената земја повеќе од една година, јас сум
од Париз, во овој момент не сакам да ја напуштам мојата земја, сакам да станам
голем играч тука, Реал Мадрид ќе ме чека мене
“ биле зборовите на Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани