185
Раководството на ПСЖ реши да му врачи отказ на човекот кој минатата сезона им донесе историско финале во Лигата на шампионите.
Многумина беа приврзани со Тухел, а еден од нив е и Килијан Мбапе.
„За жал таков е законот на фудбалот. Никој нема да го заборави твојот период тука. Ти испиша фантастичен дел од историјата на овој клуб и јас ќе ти речам: Благодарам тренеру“, напиша Мбапе на стори на својот инстаграм профил.
