Бразил со
минимална победа од 1-0 ја доби контролката со Уругвај која се одигра на
Емирејтс арената во Лондон во петокот, но, имаше еден мошне интересен дуел
помеѓу двајцата соиграчи од ПСЖ, Единсон Кавани и Нејмар.
Кавани му направи
прекршок на Бразилецот при еден дуел, дискутабилна е таа ситуација дали беше
прекршок секако, а многумина видоа нешто повеќе од ривалство помеѓу нив двајца
на теренот, нешто, што нема никаква допирна топка со реалноста, тврди нивниот
соиграч од францускиот првак, Килијан Мбапе.
„Единсон секогаш
е максимално посветен на натпреварите, со тоа нема никаква потреба да му давате
дополнителна мотивазија за натпреварите. Тој е одличен фудбалер и да се има
таков играч во ПСЖ е одлично за сите нас“ рече Мбапе.
„Му испратив
видео на Нејмар од „дуелот“ со Единсон, тој само се изнасмеа во одговорот, тоа
кажува доволно, тоа не беше ништо, само дуел на двајца фудбалери кои ги бранат
боите на својата репрезентација, даваат максимум за своите репрезентации, таа
ситуација е нормална во случај да се обидете да стигнете до топката, контактот
е дел од мечот“ заклучи младиот напаѓач.