Мбапе ја доби пресметката со Меси, Барса пред елиминација од Лигата на шампиони (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Каталонците“ ќе треба да направат ново чудо против ПСЖ доколку сакаат пласман во четвртфинале, вечерва „светците“ тримфираа во Шпанија со 1-3 и направија голем исчекор кон следната рунда.

Лео Меси од пенал во 27. минута донесе предност, но Килијан Мбапе одговори пет минути подоцна. Французинот доби топка од Верати, одлично се снајде на мал простор и го матираше Тер Штеген за 1-1.

Во 65. минута, Килијан Мбапе по втор пат се запиша во листата на стрелците. Напаѓачот дојде до една одбиена топка и ја затресе мрежата за 1-2.

Потоа следуваше нов шок на домаќините, Моизе Кин остана заборавен при еден прекин и со глава го совлада Тер Штеген за 1-3 во 70. минута.

Точка на натпреварот стави Килијан Мбапе во 85. минута, Французнот стигна до хет-трик за 1-4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×