„Ел чирингито“
синоќа пренесе дека Килијан Мбапе побарал од ПСЖ да биде ставен на трансфер листа и летоска да биде продаден. Денеска од Шпанија пристигнуваат нови
шпекулации на оваа тема.
Во емисијата „Ел
Ларгеро“ на Кадена СЕР беше објавено дека таткото на фудбалерот веќе влече
потези за трансфер. Вилфред Мбапе имал средба во Цирих со „човек кој е многу
важен во светот на фудбалот“.
Извештајот вели
дека Килијан Мбапе во соблекувалната има проблем со две личности: тренерот
Томас Тухел и првата ѕвезда Нејмар.
Французинот му
замерува на Томас Тухел за тоа што ја загубил битката за „Златната копачка“ на
Европа, која ќе му донела бонус од 1,5 милиони евра. Килијан Мбапе е лут поради
тоа што одмарал на некои натпревари, а и не му давале да ги изведува пеналите,
тој во моментов е трет избор зад Нејмар и Кавани.
Напаѓачот исто
така не е во добар однос со Нејмар, поради привилегиите кои ги ужива поранешниот
играч на Барса. Во ПСЖ исто така има два клана кои се во конфликт, едниот е
составен од Бразилци и го предводи токму Нејмар, додека вториот е составен од
Французи и на чело е Мбапе.
Реал Мадрид е
клубот кој е заинтересиран за Килијан Мбапе и со внимание следи што се случува.
Доколку дојде до трансфер, тој сигурно ќе биде рекорден, ПСЖ нема лесно да се
откаже од фудбалерот.