Mбапе и Дембеле го урнаа Мароко и ја одведоа Франција во полуфинале (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Франција ја оправда фаворитската улога и без поголеми проблеми го совлада Мароко со 2-0, продолжувајќи го патот кон одбрана на светската титула.

„Триколорите“ од самиот старт го презедоа поседот и иницијативата, постојано притискајќи кон голот на Боно. Мароканците тешко успеваа да ја пренесат играта на противничката половина и најчесто беа принудени да се бранат.

Најголемата прилика за водство во првиот дел ја имаше Килијан Мбапе. Напаѓачот на Реал Мадрид изнуди пенал по нешто помалку од половина час игра, но не успеа да го совлада Боно, кој со одлична интервенција го одбрани ударот од белата точка.

По првите 45 минути мрежите мируваа, но Франција продолжи со притисокот во продолжението. Мбапе можеби не реализираше пенал, но затоа во 60. минута постигна вистинска мајсторија и со прецизен удар од далечина го отвори резултатот.

Со овој погодок, ѕвездата на Франција стигна до својот осми гол на Мундијалот, израмнувајќи се со Лионел Меси, а вкупно има 20 погодоци на светските првенства по само 21 настап.

Конечниот резултат го постави Дембеле шест минути подоцна. По асистенцијата од Мбапе, одлично се снајде, си создаде простор и прецизно реализираше за 2:0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×