Матеуш Фернандеш стана најскапиот играч во историјата на Тотнем!

by bojan
1 минути читање
Матеуш Фернандеш е нов фудбалер на Тотнем

Тотнем го потврди трансферот на Матеуш Фернандеш од Вест Хем, фудбалерот од средниот ред стана најскапиот играч во историјата на „спарси“ откако за неговите услуги беа платени околу 100 милиони евра (85 милиони фунти).

Клубот од Северен Лондон ја реализираше првата од двете најавени трансфер бомби, Матеуш Фернандеш е нов фудбалер на Тотнем.

„Пресреќен сум што го направив овој чекор во кариерата. Тотнем е еден од најголемите клубови, а разговорот со тренерот ме убеди дека ова е вистинското место за мене“ – вели Португалецот.

„Имаме исто гледиште за фудбалот, сакаме тим што ќе игра борбено, со многу енергија и секогаш ќе оди на победа. Со нетрпение очекувам да започнам, да ги запознаам навивачите, соиграчите и сите во клубот, а на теренот ќе дадам максимум за дресот на Тотнем.“

Интересно е тоа што Матеуш Фернандеш две сезони по ред испаѓа во втора лига, но и покрај тоа прави богати трансфери.

Минатото лето испадна со Саутемптон, но и покрај тоа ги замени „светците“ со Вест Хем во зделка вредна околу 38 милиони фунти (околу 44 милиони евра), како и 15% од следната зделка.

Португалецот ова лето повторно испадна со „чеканите“, но тоа не го обесхрабри Тотнем, кој реши да плати високи 85 милиони фунти (околу 100 милиони евра) и да го направи Матеуш Фернандеш најскапиот играч во својата историја.

Овој рекорд сепак нема да стои долго, се очекува во скоро време да биде потврден и трансферот на Сандро Тонали вреден околу 100 милиони фунти, односно околу 117 милиони евра.

ФОТО: X/Tottenham Hotspur

Можно е и ова да ти се допаѓа

×