Матеј Гаштаров потпиша нов договор со Црвена Звезда!

by 24 фудбал
1 минути читање

Матеј Гаштаров ја продолжи верноста кон Црвена Звезда, откако белградскиот гигант му понуди нов договор со важност до 2029 година.

Младиот македонски фудбалер остави добар впечаток за време на летните подготовки, а тоа резултираше со нова соработка. Гаштаров веќе се запиша и меѓу стрелците на пријателските натпревари и ќе се обиде да избори место во првиот тим за новата сезона.

Играчот за врска пристигна на „Маракана“ во 2024 година, а досега има еден официјален настап за сениорскиот состав. Минатата сезона беше шампион на Србија со младинската екипа на Црвена Звезда, додека пролетниот дел од сезоната го мина на позајмица во Борац Чачак, каде што стекна драгоцено сениорско искуство.

Гаштаров е производ на школата на Вардар и стандарден младински репрезентативец на Македонија до 21 година. Новиот договор е уште една потврда дека во Црвена Звезда сериозно сметаат на неговиот развој во наредните години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×