Масовна тепачка на „Торцида“ и „БББ“ во Сплит како загревање за мега дербито (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Денеска од 16 часот Хајдук го пречекува Динамо Загреб во меч кој може да биде и клучен за шампионската титула во хрватското фудбалско првенство, а како увертира на мечот дивеат навивачките групи на двата тима.

Хрватските медиуми објавуваат за масовна тепачка меѓу навивачката група на Хајдук „Торцида“ и подржувачите на Динамо Загреб „Бед Блу Бојс“ во која учествувале околу 200 лица.

Инцидентот се случил утрово околу 9.15 часот, полицијата веднаш реагирала за да спречи поголем хаос.

На четири кола до крајот Ријека и Хајдук имаат по 56 бодови, Динамо Загреб има 55.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани