Тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано вели дека Лео Меси е подготвен за настап против Спортинг Канзас Сити и ги отфрли гласините кои велеа дека напаѓачот одбил да игра на ниски температури кои можат да паднат и до -20.
Интер Мајами и Лео Меси ја започнуваат новата сезона со настап против Спортинг Канзас Сиги во КОНКАКАФ Лигата на шампиони.
Во пресрет на првиот натпревар од осминафиналето, се појавија гласини дека Лео Меси одбил да игра поради ниските температури во Канзас Сити кои ќе се движат на околу -15, а можат и да паднат до -20 степени Целзиусови.
По ваквите гласини, тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано категорично порача: „Лео Меси е 100% на располагање, можам да ве осигурам дека ќе игра“.
Останува да се види каква ќе биде инволвираноста на Лео Меси, а во меѓувреме натпреварот е поместен за 24 часа и ќе се игра во среда со почетокот во 20 часот по локално време (2 часот наутро во Македонија).
Но и тогаш се очекува минусни температури во Канзас Сити.