Баерн Минхен без поголеми проблеми обезбеди пласман во следната фаза од Купот на Германија, откако на гостувањето кај Келн триумфираше убедливо со 4-1. Хари Кејн повторно беше еден од најдобрите на теренот посстигнувајќи два погодоци.
Домашниот тим го изненади фаворитот и по половина час со голот на Аче дојде до водство, но тоа само како да беше мотив за избраниците на Компани да тргнат по нов триумф. Само пет минути подоцна Луиз Диаз израмни на 1-1, а набрзо потоа Кејн се погрижи за целосен пресврт.
Во вториот дел Баерн продолжи да биде подобар на теренот, Кејн со својот втор гол ја зголеми предноста, а Олисе со погодок во завршницата го постави конечниот резултат 4-1. Тимот на Томас Тухел со оваа победа потврди дека е во одлична форма и на купската сцена.
Left foot, right foot, head doesn‘t matter Harry Kane always finds a way 🐐 pic.twitter.com/YTMshXm7O7
— – (@MusialaEra) October 29, 2025
За Баерн оваа беше дури 13-та победа во низа од почетокот на сезоната во сите натпреварувања.
На останатите средби, Дармштад со 4-0 го совлаада Шалке, Штутгарт на гости беше подобар од Мајнц со 2-0, додека Леверкузен во натпревар со шест гола се радуваше против Падерборн со 4-2.