Мартинез: Велат трансферот во Астон Вила бил чекор назад, јас го мислам спротивното

by
2 минути читање

28 годишниот
аргентински голман Емилијано Мартинез инсистира на тоа дека трансферот од
Арсенал во Астон Вила во преодниот рок е чекор напред во неговата кариера, иако
претходно некои сметаа дека е сосема поинаку.

Мартинез ја
заврши десетгодишната соработка со Арсенал откако го комплетираше трансферот вреден
20 милиони фунти, а дека тимот од Бирмингем направи фантастичен потег доволно
говори дека Аргентинецот уште на дебито одбрани пенал, а неговиот тим дојде до
победа, за потоа да врзе уште една во само два меча од новата сезона во
Премиерлигата каде истовремено нема ниту еден гол примено.

Се чувствувам
како да сум во најдобрите моменти, во најдоброто светло од мојата кариера,
претходно немав доволно минутажа, не бев сигурен околу тоа дали да останам во
претходниот клуб, се борам да станам прв чувар на мрежата од голот на
Аргентина, тоа е мојот сон
“ вели Мартинез за „Скај спортс“, јасно алудирајќи на
тоа дека има голем приоритет во својата кариера, а потоа додаде дека трансферот
во Астон Вила не е чекор назад за него, туку спротивно од тоа.

Астон Вила е
голем клуб, немав никакви дилеми околу доаѓањето тука, сите сметаат дека за
мене е чекор назад трансферот од Арсенал во Астон Вила, всушност јас сметам
дека е спротивно, напротив, ова е чекор напред во мојата кариера
“ додаде
голманот.

Луѓето
едноставно не разбираат колку се борев да добијам шанса, најпрво почнав да
вложувам максимални напори за да дојдам до клупата за резерви, имав девет
голмани околу себе како конкуренција, а штом сте на клупата, тогаш посакувате
да одите и ниво погоре, а штом дојдов до првото место во тимот на мојата
позиција, а не бев сигурен дека истото ќе го задржам, си реков да заминам во
клуб каде ќе ја имам таа можност
“ заклучи Мартинез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани