113
Белгија требаше само да избегне пораз од два гола разлика на гостувањето кај Швајцарија за да им се приклучи на Португалија и Англија во завршната борба за трофејот од Лигата на нации. И добро почна натпреварот за нив, поведоа со 2-0, но потоа се случи дебакл, примија пет гола до крајот и не ја остварија целта.
„Арогантност? Не, бевме изненадени на контра напади, заборавивме да се браниме добро“, вели селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.
„Тешко е да се објасни. Почнавме добро, потоа во одреден момент Швајцарија немаше што да изгуби“.
„Им дадовме можности да се вратат во натпреварот. Од ова мора да излеземе посилни, да разбереме ека погрешивме. Уште поболно е поради фактот што добро го почнавме мечот“.