Герет Бејл вчера
ги загуби нервите и за само неколку секунди доби жолт и црвен картон на стартот
од вториот дел.
Па Реал Мадрид
мораше со играч помалку да брка позитивен резултат, и на крајот успеа да се
избори само за бод.
Но и тоа може да
се смета како успех со оглед на тоа дека Лас Палмас со головите на Виера и
Боатенг поведе со 1-3, а Роналдо со два гола во завршните мигови обезбеди реми
од 3-3.
„Не сум јас тој
што може да му удри една воспитна на Бејл, тоа го правам дома со моите деца” – рече по крајот на натпреварот
заменик капитенот Марсело.
„Бејл е доволно
возрасен за да знае дали погрешил или не. Вакви работи се случуваат во
фудбалот, се надеваме само дека нема да се повторат до крајот на сезоната”.
Запрашан да
направи анализа на случувањата на теренот, Бразилецот додава: „Пак јас треба да
објаснувам што се случи и тоа е тешко”.
„Според мене,
треба да подобриме многу работи. Она што го договараме пред почетокот на
натпреварот не го правиме за време на натпреварот”.
„Затоа вакви
работи ни се случуваат во последно време”.