Маркисио ќе се кандидира за градоначалник на Торино

by
1 минути читање

Поранешниот
фудбалер на Јувентус, како и италијански репрезентативец Клаудио Маркисио
наводно ќе се кандидира за прв човек на градот Торино, тој веќе е во пензија и
вон фудбалските активности, а планира да навлезе во политиката.

Минатата седмица
самиот Маркисио потврди дека размислува околу тоа да навлезе во политиката, а
весникот „Ла Стампа“ и „Скај“ сугестираат на тоа дека тој котира високо на
листата на кандидати на демократската партија.

Маркисио
постојано говореше на темите околу правдата, расизмот, како и потребата да им
се помогне на мигрантите, а што се однесува пак до изборите за градоначалник на
Торино, истите ќе се одржат во Октомври годинава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани