Директорот на
Атлетико Мадрид, Хил Марин во средата откри дека Антоан Гризман ова лето
конечно ќе се пресели во редовите на Барселона а со тоа ќе заврши сагата околу
Французинот кој и самиот најави дека во летниот преоден рок ќе ги напушти
Јорганџиите.
Сепак, изјавата
на Марин околу тоа каде ќе заврши 28 годишниот фудбалер го фати раководството
на Барселона „на спиење“, од причина што од таму не ни помислувале да објават
дека го договориле Гризман пред јули, а „Марка“ додава дека пристигнувањето на
Гризман на „Камп Ноу“ требало да биде тивко дотогаш, по барање на самиот
фудбалер.
Барселона на еден специфичен датум ќе го комплетира трансферот на Гризман? (ФОТО)
Шпанскиот весник
додава дека по ланската драма околу Гризман, долго очекуваната негова одлука
која беше соопштена преку документарец, дека на крајот носи одлука да остане во
Атлетико Мадрид, многумина членови на високи позиции во Барселона, како и дел
од соблекувалната на таа екипа не биле многу ентузијастички расположени од
идејата да се ангажира Гризман ова лето.
По коментарите на
Марин, во Барселона исто така го загубија и елементот на изненадување, и покрај
тоа што трансферот на Французинот е речиси јавна тајна.
Каталонците,
пишува „Марка“, се убедени дека Гризман ќе донесе квалитет во тимот и тие посакувале
да го подготват теренот и да го променат јавното мислење како услуга за самиот
фудбалер.
Одбивањето на
Гризман да потпише со Барселона лани донесе рана во кредибилитетот на
моменталното раководство на клубот, кои беа убедени во тоа дека ќе потпише за
Барселона, до тоа не дојде, а веројатно е тоа дека теренот сега е добро
подготвен за такво нешто.