Кристиано Роналдо
повторно е во фокусот на вниманието на целокупната фудбалска јавност, подолг
период за него се шпекулира дека ќе си замине од Реал Мадрид, а многу опции се
наведуваа низ разни медиуми во однос на неговата иднина.
Шпанска „Марка“
најави сензационален трансфер на Португалецот во редовите на Јувентус, се
наведува дека италијанскиот првак започнал преговори со првата ѕвезда на Реал
Мадрид и дека му понудил 120 милиони евра за четири сезони.
Реал Мадрид тропна на вратата на ПСЖ за Нејмар, доставена понуда од која боли глава
„Јувентус е
сериозен во врска со Кристиано Роналдо“ стои во насловот.
Неофицијалните
информации поврзани со Роналдо претходно наведоа дека тој одбил договор вреден
26.7 милиони евра по сезона кој му бил понуден од страна на Реал Мадрид.