Фудбалерот на
Реал Мадрид изминатиов викенд истакна дека по крајот на сезоната ќе одлучи за
сопствената иднина, но според Марка, Иско уште сега навалува кон напуштање на
Сантијаго Бернабеу.
Весникот
пренесува дека играчот не е задоволен од минутажата која ја добива, ниту пак од
платата која му била понудена за продолжување на договорот.
За неговите
услуги интерес пројавуваат неколку клубови, а како главен кандидат за потписот
на Иско се посочува Манчестер Сити.
Во игра е и
Челси, клубот од Стемфорд Бриџ е во контакт со адвокатот на играчот, кој делува
како посредник, а и Јувентус разговарал со него.
Марка додава дека
и Барселона е опција, но многу мали се шансите Иско да заврши на Камп Ноу.
Едно вакво сценарио би можело да се случи само во 2018, кога ќе заврши договорот
на Шпанецот со „Кралевите“, но како што стојат работите во овој момент, Премиерлигата е најверојатната дестинција на Иско.