Марка најави, Атлетико демантираше договор со Баерн Минхен за Ернандез вреден 85 милиони евра

by
1 минути читање

Марка пренесе
дека дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез веќе ги договорил личните
услови со Баерн Минхен, екипа на која би можел да и се приклучи уште во
јануарскиот преоден рок, а шпанскиот прволигаш за овој трансфер би добил 85
милиони евра.

Според пишувањата
на Марка, Баерн посакува Лукас да биде камен-темелник во нивниот нов проект и
наводно ќе го промовира во свое засилување веднаш штом почне преодниот рок во
јануари.

Весникот тврди
дека Французинот подал рака за четири годишен договор со германскиот гигант,
кој ја активираше неговата откупна клаузула.

Левиот бек
изминатото лето потпиша нов договор со Јорганџиите со кој се обврза на верност
со клубот до 2024. година, но, тој беше идентификуван како фудбалер кој може
многу да помогне во новиот проект на Баварците кои почнуваат нешто ново во
својот состав.

Сепак, вреди да се напомене и тоа што Атлетико Мадрид имаше реакција по повод овие шпекулации на Марка, а шпанскиот прволигаш демантираше дека постои било каков договор со Баерн Минхен, додавајќи дека по разговор со фудбалерот, било воочено дека тој не сака да си замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани