2,6K
Мадридскиот спортски весник, „Марка“, денеска излезе со сторија за Јирген Клоп и Реал Мадрид. Германецот неодамна се поврзуваше со кормилото на кралскиот клуб.
Реал Мадрид сакаше Клоп да биде наследникот на Анчелоти, па пред неколку недели двете страни имаа разговори.
Германскиот стратег се двоумел, но на крај одлучил дека не сака да биде повторно тренер и го одбил Реал Мадрид.
„Марка“ тврди дека Клоп сега жали за тој одговор и верува дека требало да одговори позитивно и да стане тренер на Реал.
Сега е предоцна, Реал Мадрид веќе постигнал договор со Чаби Алонсо и тој ќе биде следниот тренер на шпанскиот гигант.