Марез промаши пенал во финишот и пропушти да донесе три бода, без победник на дербито помеѓу Ливерпул и Сити (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалските
љубители со нетрпение го очекуваа дуелот на Клоп и Гвардиола, но двајцата
стратези кои негуваат офанзивен фудбал денеска се одлучија за попретпазлив
пристап па тоа резултираше со реми без погодоци.

Во првото
полувреме, Ливерпул и Манчестер Сити како да се натпреваруваа кој ќе направи
повеќе додавања, двата тима можеа да се пофалот со преку 200. Што се однесуваше до шансите, едвај и да ги имаше. Најубаво зборува податокот кој вели дека
во првите 45 минути немаше ниту еден шут во рамките од голот.

Вториот дел беше
за нијанса повозбудлив, а вистинската драма се случи во финишот кога Ван Дајк
стартуваше врз Сане а судијата покажа на белата точка. Агуеро беше изваден од
игра, па Марез и Жесус се натегаа кој да шутира. Алжирецот ја зеде топката и
промсшр, неговиот удар заврши високо на трибините. Пеналот како да ги раздвижи играчите,
но освен голема борба за секоја топка немаше нова шанса за гол па резултатот на
крајот беше оној почетниот.

Претходно денес,
Челси со 3-0 славеше на гостувањето кај Саутемптон а во лондонската пресметка
помеѓу Фулам и Арсенал, „Топчиите“ триумфираа со убедливи 1-5.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани