Енцо Мареска вечерва со Челси може да крене европски трофеј, на програмата е финалето од Конференциската лига против Бетис.
Челси е фаворит во дуелот со Бетис според оние кои прогнозираат. Мареска е полн со самодоверба пред дуелот со неговиот поранешен тренер Пелегрини.
„Можеме првпат во историјата да го кренеме трофејот од Конференциската лига. Максимално се посветив за да ги мотивирам играчите за финалето, мора да бидеме паметни и напорно да работиме“, вели Мареска на прес-конференцијата.
„Само со победнички менталитет може да се надевате на успех. Мора да прикажеме нешто такво и да докажеме дека заслужено сме тука“.
„Го имаме најмладиот тим во историјата на Премиер лигата, но тоа не значи дека немаме искуство“.