Мане призна дека трката во Премиерлигата е завршена и кажа кои се сега целите на Ливерпул

by
1 минути читање

Целите на Ливерпул на почетокот биле одбрана на трофејот во Премиерлигата и освојување на Лигата на шампионите, но сега тие се прилагодени на актуелната состојба на табелата.

„На стартот од сезоната мислам дека не само јас, туку секој играч во составот си поставува некои цели. Истото е и со клубот“, вели Мане.

„Нашата цел од стартот беше освојување на Лигата на шампионит, освојување на Премиерлигата, и успеси во другите куп натпреварувања. Сега можам да кажам дека трката за Премиерлигата е завршена… премногу се далеку“.

„Се разбира, ние никогаш не се предаваме, но Манчестер Сити е добар тим и во моментов летаат“.

„Нашата главна цел сега е да завршиме во топ четири. Но Лигата на шампионите исто останува во главните цели. Сакаме да ја освоиме, не да бидеме втори, но нема да биде лесно“.

„Ќе треба да се соочиме со најдобрите тимови во Европа и ќе направиме се за да ги победиме и да ја освоиме Лигата на шампионите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани