Мане откри дека бил пред потпис со „ѓаволите“ но го „откачил“ Манчестер јунајтед по еден телефонски повик

by
1 минути читање

Луј ван Гал
сакаше да го ангажира Садио Мане уште во август 2015, но Саутемптон одби да го
продаде играчот и го натере да остане барем уште една сезона.

Следното лето „ѓаволите“ одново пројавија интерес, но Сенегалецот на крајот заврши во
Ливерпул во трансфер вреден околу 34 милиони фунти.

„Да, точно е дека
преговарав со Манчестер јунајтед. Бев навистина блиску до потпис со нив. Разговарав
и со тренерот кој претходно беше таму (Ван Гал). Доставија понуда, но истата таа
недела ми се јави Клоп. Ми рече, „Мислам дека ова е правиот клуб за тебе,
правиот тренер, подобро ќе биде за тебе да се преселиш во Ливерпул“. Коцките
некако се поклопија па си реков, одам во Ливерпул“
– открива Садио Мане во
разговор со Мирор.

Фудбалерот
одлично се снајде на Енфилд и со одличните партии дури го привлече вниманието
на Зинедин Зидан и Реал Мадрид, но тој неодамна порача дека не е заинтересиран
за заминување од Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани