Мане од Барселона му испрати порака на Реал Мадрид

by
1 минути читање

Мане има фантастична сезона во Ливерпул, па во шпанските медиуми почнаа да го поврзуваат со Реал Мадрид кој би требало да прави поголема реконструкција во тимот.

Садио Мане вели дека е среќен во Ливерпул каде сака долго да остане, а за интересот од Реал Мадрид знае само од весниците.

„Момци мислам дека вие ги пишувате шпекулациите. Јас со пријателите само ги читам“, им се обрати Мане на новинарите по прашањето поврзано со Реал Мадрид.

„Ја почитувам шпанската лига, добра лига е со големи играчи. Но Преиерлигата исто така е фантастична лига, сите сакаат да играат тука“.

„Ја имам таа можност во Ливерпул, па мислам дека сум добар“.

„Се разбира дека сакам да бидам легенда, не само на Ливерпул туку и на Премиерлигата, тоа е една од моите цели“.

„Ќе направам се што е можно за да освојувам се што е можно. Бројката од 100 натпревари ми значи многу. Да одиграш толку многу натпревари за клуб каков што е Ливерпул е фантастично“.

„Како што кажав, многу сум среќен што играм во овој клуб и секој ден уживам што сум тука и правам се за да освоиме нешто со тимот“.

„Се надевам дека ќе дадам гол за тимот против Барселона. Возбуден сум поради мечот. Тоа е прекрасен стадион, сум ја гледал Барселона од мал. Сите сакаме да играме на овој стадион, но тоа ќе биде мотивација, не притисок“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани