Сенегалецот на
Енфилд се промовираше во еден од најдобрите играчи во Премиерлигата, а го
привлече и вниманието на еден од најголемите клубови во светот, Реал Мадрид.
Во разговор со
Франс Фудбал, Садио Мане открива дека како дете, родителите не му дозволувале
да игра фудбал, но неговата љубов кон топката се покажала како поголема.
„Никој во моето
семејство не го сакаше фудбалот. Мајка ми ме бркаше секогаш кога ќе ме видеше
дека играм фудбал. Не разбирав зошто не ми дозволуваа да го живеам сонот… Во
селото, кога ќе направев нешто лошо, мајка ми ќе ми плеснеше една. Многу пати
добивав воспитни шлаканици, на пример поради тоа што не одев на училиште. Кога
знаев дека има добри шанси да јадам ќотек, се враќав дома со другар за да се
спасам. Но тоа е дел од едукацијата. Благодарејќи на тоа што бев шамаран, не
тргнав по лош пат. Па многу сум и благодаран на мајка ми за ова“ – вели Садио Мане.
„Парите и публицитетот
немаат никакво влијание врз мене. Секако, дел сум од фудбалската машинерија, но
се обидувам да бидам што е можно по на страна. Не сум активен на социјалните
мрежи, и често се враќам во родното село за да не летам многу во облаци. Јас
сум скромна личност која сака да биде фудбалер а не ѕвезда. Веројатно сум
единствениот професионален фудбалер во светот кој не знае да игра на
Плејстејшн. Навистина, никогаш не сум пробал да играм, тоа не ме интересира. Во
клубот или репрезентацијата сум опкружен со играчи кои минуваат часови на
Плејстејшн. Но мене тоа не ме привлекува, признавам дека не знам како да го
користам контролорот“.
Садио Мане на
почетокот од овој месец се радуваше на триумф во Лигата на шампионите но вели
дека без размислување би го заменил овој трофеј за успех на Купот на африкански
нации.
„Од нас зависи
се. Секако дека ние сме едни од фаворитите, не можеме да се криеме. Да победам
со мојата земја, која никогаш не го освоила Купот на африкански нации би било виличенствено.
Дури сум и подготвен да го заменам трофејот од ЛШ за триумф на Купот на
африкански нации. Да се вратиме во Дакар со пехарот ќе биде неверојатно. Ова е
мојот најголем и најлуд сон“.