Манчини во изолација, а фудбалерите се погрижија и тој да биде дел од славјето по триумфот во Сараево (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Селекцијата на
Италија дојде до посакуваното прво место во групата „1“ од дивизијата „А“ во
Лигата на нации, а со синоќешната победа кај Босна и Херцеговина со 0-2 го
потврди успехот без ниту еден пораз во таа конкуренција.

Со три победи и
исто толку ремија, Италија дојде до 12 бода, по неа следат Холандија со 11, па
Полска со 7, односно Босна и Херцеговина со два бода, а синоќа на италијанските
фудбалери им дојде една прекрасна идеја како да го израдуваат дополнително
својот селектор.

Како што е
познато, поради ковид-19 Роберто Манчини е во изолација, па фудбалерите решија
по крајот на мечот преку видео повик да го приклучат во големото славје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×