93
Манчини е прва желба на раководството на Лестер за нов менаџер, но италијанскиот стратег во моментов се обврзал кон други работи и не може да прифати никаква понуда.
Имено, Манчини учествува во италијанската верзија на шоуто „Танц со ѕвездите“.
Италијанецот има договор со шоуто и не може да го напушти пред да испадне од него или да го освои.
Се верува дека Манчини на тренерската работа ќе се врати од идната сезона, а Лестер ќе треба да побара друга опција за наследник на Раниери.