Манчестер Сити понуди рекордни 121 милион фунти и доби „корпа“!

by bojan
1 минути читање

Неколку извори од „островото“ објавија дека Манчестер Сити на маса ставил 121 милион фунти за ангажман на Елиот Андерсон од Нотингем Форест, но повторно добил негативен одговор.

Енцо Мареска го идентификуваше Елиот Андерсон како главно засилување за Манчестер Сити ова лето, па „граѓаните“ тропнаа на вратата на Нотингем Форест со понуда вредна околу 90 милиони евра.

Но предлогот веднаш беше одбиен, популарните „шумари“ при проценката на цената се водат според трансферот на Деклан Рајс, за кого Арсенал плати околу 105 милиони фунти во 2023 година.

Па клубот од Етихад се врати со втора понуда, неколку извори од „островото“ објавија дека Манчестер Сити на маса ставил 121 милион фунти.

Се работи за 106 милиони фунти како фиксен дел, плус додатни 15 милиони фунти во бонуси, што преставува рекорд кога е во прашање Манчестер Сити.

Сепак, контроверзниот газда на Нотингем Форест го одбил и овој предлог, Маринакис сега инсистира да биде соборен британскиот трансфер рекорд од 125 милиони фунти, кој Ливерпул го постави со ангажманот на Александер Исак минатото лето.

Останува да се види дали Манчестер Сити ќе се врати со трета историска понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×