Манчестер јунајтед во напредни преговори за првото засилување на Рубен Аморим

by bojan
1 минути читање
Аморим

„Ѓаволите“ начелно постигнале договор за првото засилување на Рубен Аморим, се водат напредни преговори за ангажман на перспективниот Диего Леон од Серо Портењо.

Првото засилување на Манчестер јунајтед во ерата под водство на Рубен Аморим треба да биде талентираниот Диего Леон од Серо Портењо.

Како што пренесува новинарот Сесар Луис Мерло, двата клуба начелно постигнале договор за трансфер вреден околу 4 милиони долари (околу 3,1 милион фунти), и сега се водат преговори за бонусите и економските права на играчот.

Доколку зделката се реализира, Рубен Аморим сепак нема да може да смета веднаш на левиот бек и ќе треба да почека до летото во 2025.

Имено, Диего Леон има 17 години и не може да направи трансфер на Олд Трафорд се додека не наполни 18 години.

Младото момче од Парагвај импресионира со својата физичка способност и молскавична брзина, па го привлече вниманието на неколку клубови, помеѓу кои Арсенал и Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани