Манчестер Јунајтед откако го избрка Аморим – е најдобар во Премиер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед игра во одлична форма под водство на Мајкл Керик, а тоа го потврдува и статистиката според која „црвените ѓаволи“ се најуспешниот тим во Премиер лига во последниот период.

По слабите изданија под водство на Рубен Аморим, раководството се реши за промена, а ефектот од доаѓањето на Керик е веднаш видлив на теренот.

Според анализата на резултатите во последните 13 кола, Манчестер Јунајтед е лидер со освоени 27 бода, што е најдобар учинок во лигата во овој период. Зад нив се наоѓа Манчестер Сити со 25 бода и натпревар помалку, додека ист број бодови има и Борнмут, кој во овие 13 кола нема пораз и има серија од шест победи и седум нерешени резултати. Најслаб е Тотнем кој има само четири освоени бода, а во тој период го водеа дури тројца тренери…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×