Неколку извори од „островото“ објавија дека Манчестер јунајтед си подал рака со Челси за трансер на Андре Сантош во зделка вредна околу 50 милиони фунти сосе бонуси.
„Ѓаволите“ го договорија и второто засилување за одбраната, клубот од Олд Трафорд изненади со изборот и реши да го ангажира Андре Сантош од Челси.
Како што пренесуваат медиумите, двата клуба си подале рака за зделка вредна околу 48 милиони фунти како фиксен дел, плус додатни 2 милиони фунти во лесно остварливи бонуси.
Андре Сантош добил дозвола да замине на лекарски прегледи и да ги договори личните услови со Манчестер јунајтед.
Се верува дека Матеуш Фернандеш од Вест Хем беше главна цел на „ѓаволите“, но проблем беше неговата висока цена од 85 милиони фунти.
Истото важеше и за Сандро Тонали, кој направи трансфер од 100 милиони фунти во Тотнем, како и Елиот Андерсон, кој се сели во Манчестер Сити за 116 милиони фунти.
Борусија Дортмунд исто така го шокираше Манчестер јунајтед откако побара 103 милиони фунти (околу 120 милиони евра) за Феликс Нмеча.