Манчестер јунајтед и Керик си подале рака, има само една дилема

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува БиБиСи, Манчестер јунајтед и Мајкл Керик си подале рака, стратегот останува на кормилото на „ѓаволите“ до 2028 година, со опција соработката да биде продолжена до 2029 година.

Мајкл Керик ќе остане на тренерското столче на Манчестер јунајтед, одличните резултати изминативе месеци го убедија раководството на клубот да му понуди долгогодишен договор.

Како што пренесува БиБиСи, двете страни со подале рака и почнал процесот на размена на документите.

Во моментов има само една дилема, дали соработката ќе биде формализирана пред натпреварот против Нотингем Форест во недела, последниот натпревар на домашен терен оваа сезона.

Мајкл Керик ќе стави потпис на договор до јуни 2028, со опција истиот да биде продолжен до 2029 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×