Манчестер јунајтед го капариса Куња и тргнува по нов напаѓач

by bojan
1 минути читање
Куња

„Ѓаволите“ го капарисаа Матеуш Куња од Вулверхемптон и сега се насочуваат кон други цели, прв на листата со желби е Виктор Ѓокереш од Спортинг.

Матеуш Куња се најавува како првото засилување на Манчестер јунајтед за сезоната 2024/25.

Клубот од Олд Трафорд успеа да ги договори личните услови на Бразилецот, и сега преговара со Вулверхемптон за условите под кои ќе се плати откупната клаузула од 62,5 милиони фунти.

„Ѓаволите“ сметаат дека Матеуш Куња веќе е капарисан, и полека можат да се насочат кон други трансфер цели.

Новинарот Лоик Танзи објави дека Манчестер јунајтед по финалето во Лига Европа ќе ги забрза преговорите со Спортинг за ангажман на Виктор Ѓокереш.

Швеѓанецот има одлична голгетерска сезона, конкурира за „Златната копачка“ на Европа, и го привлече вниманието на неколку клубови.

Сепак, до овој момент „ѓаволите“ се единствените кои прават конкретни чекори за негов ангажман.

Се верува дека Спортинг нема да му прави проблеми на Виктор Ѓокереш и ќе го продаде доколку пристигне понуда од 60-70 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани