Манчестер јунајтед договори големо засилување, ќе плати 40 милиони евра за капитенот на Белгија!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер јунајтед го договори своето прво големо засилување во летниот преоден рок, откако постигна договор за трансферот на белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс.

Информацијата ја објави познатиот новинар на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн, а набрзо потоа ја пренесоа и голем број медиуми на Островот.

Според информациите, агентите на Тилеманс постигнале договор со Манчестер јунајтед, кој на Астон Вила ќе ѝ исплати 41 милион евра обесштетување за трансферот на искусниот играч од средниот ред.

Тилеманс е член на Астон Вила од летото 2023 година, каде што се наметна како еден од најважните фудбалери на тимот од Бирмингем. Во својата кариера настапуваше и за Монако и Андерлехт.

Белгиецот е и капитен на својата национална репрезентација, која неодамна го заврши настапот на Светското првенство со елиминација во четвртфиналето, по поразот од Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×