Кога имаш пари можеш да си купиш и трофеј, тоа буквално го направи сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур.
Се работи за најстариот трофеј во Англија, кој од 1869 до 1910 година се предавал на победниците од ФА Купот, но не останувал во трајна сопственост.
Во 1910 година тој бил украден од Астон Вила која последна го освоила трофејт.
Манчестер Сити овој трофеј го освоил во 1904 година кога во финалето го победиле Болтон со 10.
Ко-сопственкот на Вест Хем, Дејвид Голд е човекот кој во септември 2020 на шекот Мансур му го продал трофејот за 760.000 фунти на аукција, а тогаш беше кажано дека се работи за анонимен купувач.
Голд во 2005 година го купи трофејот за 478.000 додека беше претседател на Бирмингем.
Шеикот Менсур сега самиот откри дека е сопственик на трофејот, но го позајмува на Националниот Фудбалски Музеј во Манчестер каде што бил до 2005 година.
Трофејот сега е во сопственост на Манчестер Сити, но засега ќе биде изложен во музејот, а не во клупските витрини.