Информациите од Англија велат дека во текот на оваа недела Манчестер Сити ќе го купи Хери Мегваер од Лестер за сума од 80 милиони фунти, со тоа тој би станал најскапиот дефанзивец во светот на фудбалот.
Претходно рекордот го држеше Вирџил ван Дајк за кој Ливерпул плати 75 милиони фунти.
Мегваер минатата година потпиша нов петгодишен договор со Лестер откако Јунајтед не успеа да го ангажира.
Тој им кажал на пријателите дека понудата од Манчестер Сити е премногу добра за да се одбие и трансферот е во завршна ваза од реализација.
Гвардиола во Мегваер гледа замена за капитенот Компани кој си замина по крајот на минатата сезона и стана играч-тренер на Андерлехт.
Мегваер е амбициозен, сака да освојува трофеи, а во Англија нема поконкурентен клуб од Манчестер Сити со Пеп Гвардиола.