Манчестер Сити од втора го помина Хадерсфилд во ФА Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На Манчестер Сити му требаше втор натпревар за да го помине Хадерсфилд, но тоа го направи убедливо.

Натпреварот не започна најдобро за Манчестер Сити. Шок на Етихад уште во седмата минута кога Бан погоди за 1-0.

Но не требаше многу за работите да си дојдат на свое, со головите на Сане, Агуеро и Забалета до крајот на првото полувреме Манчестер Сити направи водство од 3-1.

Во вториот дел Агуеро со својот втор погодок зголеми на 4-1, а конечниот резултат од 5-1 го постави Ихеначо во судиското продолжение.

Во четвртфиналето Манчестер Сити ќе игра со Мидлсброу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани