401
Манчестер Сити е вториот финалист во Карабао купот, граѓаните беа подобар противник вечерва на Олд Трафорд и дојдоа до триумф кој ги однесе на чекор до трофеј.
Резултатот го отвори Стоунс по пет минути игра во второто полувреме, а во 83. минута Фернандињо со удар од далечина ги постави конечните 2-0.
Синоќа Тотнем го совлада Брентфорд со 2-0, па во финалето кое најверојатно ќе се одигра во април, ќе гледаме битка меѓу Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.