614
Манчестер Сити го отвори резултатот во 32. минута со гол на Фил Фоден, а пет минути подоцна Ришарлисон реализираше и донесе израмнување за Евертон.
Во 63. минута Ријад Махрез го врати водството на Манчестер Сити, а во 77. минута Бернардо Силва ги постави конечните 1-3.
Манчестер Сити е лидер во Премиерлигата со дури десет бодови повеќе од градскиот ривал Јунајтед и Лестер.