Манчестер Сити го откачи „Најк“, во следните десет години ќе носи „Пума“, втор најбогат договор во Премиерлигата

by
1 минути читање

Манчестер Сити за 10 години ќе добие 650 милиони фунти од Пума, по 65 милиони годишно, тоа е втор најбогат договор за дресови во Премиерлигата, повеќе инкасира само Манчестер јунајтед.

Дел од договорот се и уште четири клуба на сопствениците на Манчестер Сити, Сичуан Џиуни од Кина, Жирона, Мелбурн Сити и уругвајскиот тим Атлетико Торке.

Новиот договор со Пума е повеќе од три пати поголем од оној кој Сити го имаше со Најк, тој изнесуваше 20 милиони фунти по сезона.

Со овој договор Манчестер Сити станува трет клуб со најголема годишна заработка од дресот. На првото место е Барселона која има договор од 100 милиони фунти по сезона, втор е Манчестер јунајтед со 75 милиони фунти по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани