Манчестер јунајтед за 12,5 милиони фунти носи „вундеркид“ во својот состав (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед е сериозно заинтересиран за 16 годишниот фудбалер од редовите на
Бирмингем, Џуд Белингам, фудбалер кој настапува во средниот ред, а воедно е
репрезентативец на Англија за играчи до 17 годишна возраст.

Тимот од „Олд
Трафорд“ е фаворит за потписот на младиот Белингам кој на себе привлече голем
интерес од најдобрите клубови во Европа, причина за тоа е секако големиот талент
кој го поседува во себе, а кој го прикажува на терените.

„Мирор“ објави
дека две екипи веќе имале формален контакт со Бирмингем за фудбалерот кој
израснал навивајќи за својот омилен клуб за кого во моментов настапува, а еден
од нив е Манчестер јунајтед.

Истиот медиум
претходно извести дека Белингам и покрај големиот интерес за неговите услуги,
не сака да брза во својата кариера и уште сега да ги напушти редовите на
Бирмингем, па останува дилемата дали од таму ќе биде прифатена понудата од
Манчестер јунајтед вредна 12,5 милион фунти.

Инаку, ќе
додадеме дека Белингам за репрезентацијата на „Гордиот албион“ за фудбалери до
17 години, на три настапи успеа да запише два погодоци зад своето име.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×