Најтрофејниот клуб од Англија редовно праќа скаути на „Луж“ а причината е талентираниот Жоао Феликс. 19 годишниот офанзивен фудбалер се најавува како следната голема ѕвезда од Португалија, и со одличните настапи оваа сезона го привлече вниманието на голем број клубови ширум Европа.
Скаутите на „ѓаволите“ исто така биле импресионирани и од игрите на 21 годишниоот Рубен Диас, кого го гледаат како засилување на одбраната.
Бенфика знае дека може добро да заработи, па инсистира да бидат платени откупните клаузули во договорите на играчите. За Жоао Феликс таа изнесува 120 милиони евра, а за Рубен Диас двојно помалку, односно 60 милиони евра.
Жорж Мендеш треба да помогне за реализацијата на зделката, а „ѓаволите“ треба да внимаваат бидејќи и Јувентус е подготвен да го одврзе ќесето а „Бјанконерите“ имаа одличен однос со познатиот агент откако минатото лето тој им го донесе Кристијано Роналдо во Торино.