159
Јунајтед полека го куби чекорот со Манчестер Сити во битката за титулата, фудбалеритие на Солшер денеска доживеаа ново разочарување.
ВБА поведе уште во втората минута од натпреварот со гол на Мбаје Диањ.
Пред крајот на првото полувреме, Бруно Фернандеш со прекрасен гол го изедначи резултатот на 1-1.
Во второто полувреме и двете екипи имаа свои шанси, беше досуден и пенал за Манчестер јунајтед кој беше поништен по преглед на ВАР.
А Хари Мегваер имаше огромна шанса со глава во 95. минута, но голманот на ВБА го одбрани неговиот удар, а топката ја погоди и стативата.
Манчестер јунајтед со натпревар повеќе има седум бода помалку од Манчестер Сити.