Тотнем ќе му дозволи на Хари Кејн да замине ова лето, но само за рекордни 200 милиони фунти.
Спарси го отплаќаат новиот стадион вреден една милијарда фунти, а кризата со коронавирусот им зададе голем удар во првичните финансиски планови.
Според „Дејли Мејл“, Тотнем должи 637 милиони фунти позајмица за стадионот и 83 милиони фунти рати за трансфери. Тој е фрустриран од коментарите на Кејн дека Премиерлигата треба да се прекине доколку не заврши до крајот на јуни.
Тоа би значело дека нема да ги добијат парите од ТВ правата, што е голема сума во касата на сите клубови.
Леви би го продал Хари Кејн, во кого гледа „златна кокошка“ и можност за ублажување на кризата. Најзагреан за неговиот потпис е Манчестер јунајтед.
Димитар Бербатов гледа многу сличности во оваа ситуација како во времето кога тој премина од Тотнем во Јунајтед.
„Гледам многу сличности во ситуацијата кога јас го поминав тоа и она што сега се случува со Кејн“, вели Димитар Бербатов.
Но, сигурно Мурињо не би бил среќен доколку го загуби својот најдобар играч во тимот.
Дополнително, се верува дека економската криза предизвикана од коронавирусот ќе влијае на намалување на сумите кои клубовите ќе ги одвојуваат за купување на играчи, а и фудбалерите ќе имаат потенки договори.