Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, Мирор известува дека Манчестер
јунајтед испратил понуда вредна 80 милиони фунти за Калидоу Кулибали, а истата
категорично била одбиена од неговата екипа Наполи.
Жозе Мурињо
очајно е во потрага по засилување во дефанзивната линија која не ги оправдува,
барем засега, неговите очекувања, по неуспешниот летен преоден рок, тој
повторно се обидува да ја засили таа линија уште во јануарскиот преоден рок.
La Repubblica пишува
дека првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис категорично ја отфрлил
понудата од Манчестер јунајтед без никакво двоумење, и покрај фактот што сумата
која беше испратена во понудата ќе го направеше Сенегалецот најскапиот
дефанзивец на сите времиња и ќе го надминеше трансферот на Ван Дајк кој
Ливерпул го чинеше 75 милиони фунти.
Според
информациите, Наполи би го пуштил да си замине Кулибали, но единствено за
понуда вредна над 89 милиони фунти, односно повеќе од 100 милиони евра.