Манчестер јунајтед ќе навива за Манчестер Сити во финалето од ФА Купот, бидејќи ако победи тимот на Пеп тие ќе избегнат квалификации во Лига Европа, ќе се пласираат директно во групната фаза.
Избегнувањето на квалификациите е важно за тимот на Солскјер, бидејќи од тоа зависи кога ќе ја почнат сезоната со официјални натпревари.
Ако Ватфорд го освои ФА Купот ќе ги поремети плановите за подготовки на Манчестер јунајтед кои ќе треба да претрпат промени.
Манчестер Сити – Ватфорд 1,22 7,00 12,90
Јунајтед има закажано пријателски меч со Тотнем на Интернационалниот шампионски куп на 25. јули, а тоа е датата за квалификацискиот меч во Лига Европа доколку биде потребно да го играат.
Ватфорд со победа денеска ќе го принуди Јунајтед да го откаже тој натпревар за да ја започне сезоната во Европа.