Популарниот „Ел Тигре“ во 2014 се пресели на Олд Трафорд на позајмица, но двата клуба морале да бидат малку креативни при финализирањето на договорот.
Манчестер јунајтед и Монако си подале рака за зделка вредна 6 милиони евра, плус додатни 4 милиони во бонуси доколку „Црвените ѓаволи“ завршат во топ четири. Но според правилата во Франција, клаузули поврзани со бонуси за перформанси се нелегални, па морало да се пронајде друго решение.
На крајот биле потпишани два договори, еден за позајмица на Радамел Фалкао за 6 милиони евра, и втор за пријателски натпревар кој требал да се одигра доколку Манчестер јунајтед забележи пласман на една од првите четири позиции на табелата. Но натпреварот бил лажен, никогаш не се одиграл и служел само за Монако да го добие дополнителните 4 милиони евра.
Матни зделки се правеле и при трансферот на Радамел Фалкао од Атлетико Мадрид во Монако во 2013. Иако тогаш на големо се пишуваше дека напаѓачот е продаден за 60 милиони евра, точната бројка е 53 милиони евра.
Исто така оваа сума била платена на две рати и преку две сметки. Првата исплата била 43 милиони евра, додека втората била 10 милиони евра.
Ваквата шема е направена за првиот клуб на Фалкао од Колумбија да добие 2,15 милиони евра на има на солидарни фондови, наместо 2,65 милиони евра доколку трансферот се води како 53 милиони евра.
Вработен на Монако предупредил дека ова е нелегално и дека ризикуваат казна од ФИФА, но еден од адвокатите на Жорж Мендеш, кој е агент на Радамел Фалкао, ги известил дека казната нема да биде голема, односно ФИФА само ќе ги принуди да ги исллатат тие 500.000 евра кој биле заштедени сега.