Манчестер јунајтед и Кристал Палас конечно се договорија, Ван Бисака за 50 милиони станува нов „ѓавол“

by
1 минути читање

По две одбиени понуди, Кристал Палас ја прифати третата од Манчестер јунајтед за услугите на Ван Бисака.

Договорот е вреден 45 милиони фунти плус 5 милиони во бонуси.

Јунајтед на Ван Бисака му понуди долгогодишен договор со неделна плата од 80.000 фунти. Во Кристал Палас заработуваше 10.000 фунти неделно и беше најмалку платениот играч од првиот тим.

Тој ќе биде петтото најскапо засилување во историјата на Манчестер јунајтед, пред него се само Пол Погба, Ромалу Лукаку, Анхел ди Марија и Фред.

Ван Бисака е биде второто засилување ова лето за Јунајтед кој претходно потпиша со Даниел Џејмс од Свонси за 15 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани